Изложба на уметничка фотографија по повод 75-годишнината на Фото-кино клубот Козјак

09.05.2023 15:31 | Оливера Пешевска

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово синоќа беше отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија „Мајски салон“, која  ја организира Фото-кино клубот „Куманово“, по повод 75 години од постоењето на клубот.

Изложба на уметничка фотографија по повод 75-годишнината на Фото-кино клубот Козјак

На изложбата се постевени најуспешните дела на членовите на клубот, а се одржува во 15 пат во Куманово.

„Имаме изложени околу 60 дела. Триесет од автори, членови на нашиот клуб, фотографи кои усешно го завршија нашиот курс, како и дела на ученици од „Перо Наков“.  Тука е и поставка од околу 30 дела на уметничка фотографија насловена “Различни погледи” од збратимениот клуб од Марибор, Словенија“, изјави Милош Нешковски, претседател на Фото-кино клуб Козјак.

 Тој додава дека нивните манифестациите имаат за цел да го презентираат и надополнат естетскиот сенс за уметничката фотографија и филм, кој го градат 75 години. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваат на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК “Козјак”.


Изложбата е отворена во наредните 10 дена,до 18 мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk