Изложба на уметничка фотографија „Улица 2016“

25.05.2016 10:18 | KumanovoNews

Утре во 19:30 во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена републичката изложба на уметничка фотографија Улица 2016.

Изложба на уметничка фотографија „Улица 2016“

Изложбата е во организација на фото кино клуб Козјак од Куманово а ќе бидат прикажани најдобрите фотографии од сите учесници на изложбата.

Оваа година учество земаа околу 70 автори со 418 фотографии. Од нив, примени беа

112 дела меѓу кои 12 од нив беа наградени. Во склоп на оваа изложба, ќе се одржи и клубската изложба на ФКК Козјак „Мајски Салон“ на која ќе бидат изложени најдобрите дела на своите членови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk