Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото кино клубот „Козјак„ од Куманово се претстави со изложба на уметничка фотографија под името „Карпино 2016„ во рамки на Меѓународната ликовна колонија Карпино.
Поставката од 19 фотографии беше изложена на самото отворање на колонијата и претставува колекција на уметнички фотографии од членовите од Фото кино клубот Козјак.
„Оваа година на ликовната колонија Карпино се претставивме со дела кои се наградувани во целиот свет на меѓународни изложби. Истата беше во црно бела техника и беше на тема човек во простор. Поставката беше една од најдобриот избор на ФКК Козјак во последните три години“ - изјави претседателот на клубот Дејан Ангеловски.
Ангеловски додава дека се гордее за учеството на изложба, која ќе остане во архивите на ФСМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk