Изложба на Валентина Илијевска во Битола

26.06.2014 06:52 | KumanovoNews

 Во Битолска Магаза при Завод и музеј Битола, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на графики од Валентина Илијевска.

Изложба на Валентина Илијевска во Битола

Изложбата носи наслов “За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниката дрворез, линорез и комбинирана техника. Координатор на проектот е Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово. Изложбата на Илијевска претходно беше презентирана во Куманово и Кавадарци.

Валентина Илијевска е родена во Скопје 1987 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) - Скопје - оддел графика и графички техники.  Моментално е на постдипломски студии на одделот конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности-Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk