Изложба на Валентина Илијевска во Кратово

03.09.2014 07:56 | KumanovoNews

Во Музеј на град Кратово, утре во 12.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики на Валентина Илијевска.

Изложба на Валентина Илијевска во Кратово

Изложбата носи наслов “За вредностите“ и содржи 24 графички листови работени во техниката дрворез, линорез и комбинирана техника. Координатор на проектот е  Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово. Изложбата на Илијевска досега беше презентирана во Куманово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка.  

Илијевска е родена во Скопје на 25 јули 1987 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk