Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во четврток, во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на графики и колажи на авторката Верче Николоска.
Колекцијата содржи 25 дела работени во изминатите неколку години.
Верче Николоска е родена 1956 година во Прилеп, завршила средно образование во ДСУ “Орде Чопела“ во Прилеп. Приватна едукација по графика и цртачки техники кај м-р Александар Џинго во Прилеп. Член на ДЛУП од 2009 г. како и член на управен одбор и секретар од 2010. Учесник на повеќе ликовни работилници и симпозиуми за уметност, ликовни колонии меѓу кои, графичка ликовна колонија – Пешна, Плав-Ц.Гора, Пробиштип, Валандово, Дрен и др. Прва самостојна изложба во Прилеп 1999 година, и повеќе групни изложби од кои во Прилеп и Македонски Брод. Во моментот живее и работи во Прилеп.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до крајот на месецот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk