Изложба на Влахо Бранѓолица во Куманово

01.09.2010 09:53 | KumanovoNews

 Во Изложбениот салон нa Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утревечер ќе биде отворена изложба на фотографии на авторот Влахо Бранѓолица.

Изложба на Влахо Бранѓолица во Куманово

 Изложбата е во ораганизација на Заедницата на хрватите во Република Македонија – огранок Куманово и Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. Почетокот е закажан во 20 часот.

Влахо Бранѓолица е роден во 1960 год во Скопје во семејството на композиторот Љубомир и балерината Вера Бранѓолица. Предава фотографија на ФЛУ, а работи како професор на Академија Италијана во Скопје.

Изложувал самостојно на три графички и пет фотографски изложби. Добитник е на повеќе награди, во и надвор од земјата меѓу кои  се издвојуваат: наградата на градот Скопје 2000 год. фотографија на годината 1999 и 2000 год., награда на корпорацијата NIKON на NPCI натпреварување во Токио 2002 год. и наградата за  фотографија на UNDP во 2004-та година. Меѓу другото работел на изготвувањето на промотивниот материјал со кој Градот Скопје во 2008 и 2009 година ја освои престижната награда во Лугано, Швајцарија. Изложбата ќе биде поставена до 16 септември 2010 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk