Изложба „НОБ во Куманово 1941-1944“ во Уметничката галерија во Куманово

09.11.2024 12:34 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово, вечера во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии „Народно ослободителна борба во Куманово 1941-1944“, во организација на Националната установа Музеј Куманово. 

Изложба „НОБ во Куманово 1941-1944“ во Уметничката галерија во Куманово

Изложбата опфаќа 12 програмски цели, на кои се прикажани базирани  историски факти, примарни историски извори и фотографии што се документарно сведоштво за клучните настани од народноослободителната борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна.

„Една тематска целина е посветена на спомен обележјата и споменици на култура од НОБ во Куманово, потикнувајки го посетителот и пошироката јавност да размислува за актуелниот однос кон културното и историското  наследство од Народноослободителната војна“, стои во поканата на авторот на изложбата, советник историчар Марија Живачки.

Изложбата ги опфаќа, настаните кои се случиле пред востанието, илустрирање на 11 Октомври- Ден на востанието, како и фотографии и биографии на истакнати личности кои дале значаен придонес во НОБ. Се акцентираат и клучни настани од 1943 година како формирањето на кумановскиот партизански одред и баталјонот „Јордан Николов Орце“, борбениот пат на „Трета македонска ударна бригада“, од нејзино формирање до учеството на Сремскиот фронт. Потенцирано е исклучителното значење на АСНОМ на 2 август 1944 година и денот на ослободувањето на Куманово- 11 Ноември. Во рамките на изложбата во посебна целина ќе бидат презентирани кратки биографии на народните херои од Куманово.

Изложбата посетителите ќе можат да ја видат во текот на месец ноември  на Постојаната музејска поставка во Национална установа музеј Куманово.

Изложбата „Народно ослободителна борба во Куманово 1941-1944“ е  под покровителство на Националната установа Музеј Куманово и Министерството за култура и туризам.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk