Изложба со осмомартовски честитки во “Кочо Рацин„

06.03.2015 11:46 | KumanovoNews

По повод 8 Март - празникот на жената во основното училиште “Кочо Рацин“, денеска се одржува изложба со осмомартовски честитки.

Изложба со осмомартовски честитки во “Кочо Рацин„

Изложени се 150 рачноизработени честитки и убави мисли за жената, подготвени од учениците во ова училиште.

“Интерно за нашето училиште распишавме ликовен и литературeн конкурс, при што учениците изработуваа честитки и пишуваа убави мисли за жената. Поради големата конкуренција наградивме 30 ученици, и решивме да направиме изложба. Некои од честитките се од рециклирани, а  други од вештачки материјали. Во изложбата ќе уживаат сите припаднички на понежниот пол кои се вработени во училиштето“ - кажа Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во “Коцо Рацин“.

Наградени се десет први, десет втори и десет ученици со трето место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk