Изложба „Зад границите на кругот“ од Петра Јовановска

03.12.2019 10:28 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска со наслов „Зад границите на кругот“.

Изложба „Зад границите на кругот“ од Петра Јовановска

Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан.

На изложбата ќе бидат презентирани новосоздадени ликовни дела, изработени на платно, картон и хартија.

Преку изложбата, уметничката ги преминува границите на кругот се навраќа на него или патува низ него. Кругот во нејзините дела е претставен како круг на љубовта, како круг на бесконечноста, на целината, на патувањето, на соочувањето и огледувањето со и во себе или пак како симбол на внатрешната слобода. Круг како почеток и крај на се`.

Петра Јовановска има дипломирано на ФЛУ во Скопје, а во текот на својот живот има реализирано 43 самостојни изложби, а исто така била организатор и учествувала на многу меѓународни ликовни колонии, симпозиуми, семинари.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk