Изложба “Жените и фотографијата“

03.03.2016 11:42 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утре ќе се отвори меѓуклупската изложба “Жените и фотографијата“ што ја организира клубот Куманово.

Изложба “Жените и фотографијата“

 На исложбата се поставени фотографии на четириесет авторки, кои неуморно рамо до рамо, со членовите од посилниот пол на фото клуб “Куманово“ креативно работеле и твореле.

„Жената претставува мотив кај многу поети, сликари, писатели, но кога станува збор за фотографијата таа се јавува не само како инспирација за фотографите, туку и активно се вклучува во самиот процес на фотографирање, изработка на фотографијата и пренесување на стекнатото знање за фотографијата како уметност. Жените се почуствителни и посуптилни од мажите и заради тоа подобро ги забележуваат деталите. Тоа е дар на природата и со малку спретност да фати вистински кадар, излегува одлична фотографија. Во фотографијата нема кавалерство, па колегите фотографи почнаа сериозно да ги сфаќаат жените со фото апарат гледајќи ги како сериозна конкуренција. Многумина сеуште со недеоверба гледаат на жените со фото апарат во раце, некои со восхит, но несомнено заклучуваме дека тие имаат сериозно место во светот на фотографија, оставајќи неизбришив траг за кој допрва ќе се зборува. Ги поканаме сите љубители на фотографската уметност да го посетат отворањето на оваа изложба и да ја проследат постановката фотографии која се надеваме дека ќе ги задоволи вкусовите како на упатените, така и на пробирливите“, - стои во соопштението на Клубот.

Изложбата ќе биде отворена  во 19,30 часот, а ќе биде поставена до 17. март.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk