Изложба „Жените и фотографијата“ во Центарот за култура во Куманово

06.03.2024 11:34 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“.

Изложба „Жените и фотографијата“ во Центарот за култура во Куманово

Изложбата ја организира Фото клубот „Куманово“ во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ и Општина Куманово.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената - 8 Март, туку исто така го слави неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Со големо задоволство, овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии не оставија без зборови. Нивната преданост и страст кон уметноста на фотографирање се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста“, велат од Фото клубот „Козјак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk