Изложба „Женски приказни“ нa Андријана Мациев

03.12.2018 11:32 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ – Куманово, вечерва со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов „Женски приказни“ нa ликовниот уметник Андријана Мациев.

Изложба „Женски приказни“ нa Андријана Мациев

Ќе бидат изложени 30 дела од нејзиниот најнов ликовен циклус – слики работени во периодот на 2018 година, во техника акрил на платно.

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј-Куманово, од областа на галериската дејност, поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија.

Андријана Мациев, родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности во одделот графика во класата на проф. Димитар Малиданов.

Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации,хепенинзии ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.

Добитник е на повеќе награди и признанија. Изложбата ќе биде поставена до 20 декември годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk