Изложбата „Улица“ на Младен Трендевски-Трендо во Центарот за култура во Куманово

13.12.2023 16:24 | KumanovoNews

Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утре /четврток/ со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба „Улица“ на уметникот Младен Трендевски- Трендо.

Изложбата „Улица“ на Младен Трендевски-Трендо во Центарот за култура во Куманово

Замислата на изложбата е уметноста на графити и уличната уметност да се  претстават на изложбата, што е ново и необично доживување за институцијата. Мурали и графити кои ги изработува во градот и низ нашата држава ќе бидат пренесени и претставени во фоајето на Центарот за култура.

Трендо е дел од Здружението „Форма“, кое работи го организира „Графити фест Куманово“, но изработи и голем број графити и мурали кои го разбиваат сивилото на градот, создавајќи галерија под отворено небо.

Во повеќе наврати уметникот потенцира дека тоа е и првичната негова намера, но и на другите соработници од здружението Куманово да стане препознатлив по оживеаната архитектура, нагласена преку нивните дела.   

Младен Трендовски-Трендо е магистер на технички науки од областа на геодезија на Градежен факултет во Скопје. 

Изложбата беше закажана за минатата недела, но беше пролонгирана поради убиството на Вања во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk