Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ , синоќа беше отворена изложбата со дела од 13-та по ред меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“.
Поставени се триесетина дела изработени во различни техники од автори од Македонија и соседството. Делата се направени во рамки на ликовната колонија која ја организира Мултимедијален центар “Карпино“ со поддршка на локалната самоуправа. Изложбата ја отвори градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Куманово полека но сигурно се етаблира како една од водечки ликовно уметнички точки во Република Македонија, а мислам и на Балканот. Препознатливо онака како што заслужува многу пати сум кажал дека традицијата во ликовната уметност во Куманово и кумановскиот крај е преточена во модерното македонско сликарство. Она што ме радува што по иницијатива на локалните власти, Фондацијата за спорт и култура ја поддржува оваа манифестација, секоја година изложби, прекрасни дела, кои ќе останат во каталозите и во нашите институции - кажа Дамјановски.
Изложените дела се на ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, БИХ и Украина.
Ова е изложба на слики од 13-та меѓународна ликовна колонија “Карпино“. Некаде околу 32 слики се поставени во разни техники. Најголем дел е акрил на платно, комбинирана техника. 15 уметници твореа осум дена во населбата Карпош таму сме последните четири години - рече Зоран Павловски, претседател на „Карпино“.
Мирослав Величковски, уметнички директор вели дека секоја ликовна колонија е своевиден симпозиум на уметници, тука се разменуваат искуства, техники, дружења, па дури и култури. Изложбата ќе гостува во Виница, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Свети Николе и Кратово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk