Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со изложба на носии, сувенири, украси и фотографии, синоќа заврши проектот „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на општината Старо Нагоричане“.
Изложбата е дел од проектот за зачувување на културното наследство на Србите во општината Старо Нагоричане.
Проектот има за цел да ги унапреди правата на припадниците на заедниците во Република Македонија. Овој проект е финансиран од Европската унија под покровителство на Советот на Европа. За проектот аплицираа 38 општини од државата, а го добија 6 општини за проекти кои се однесуваат на заштита на правата на малцинствата. Една од нив е општината Старо Нагоричане, како и општините: Сарај, Тетово, Крушево и Центар Жупа. Со овој прокет практично се опфатени сите заедници во Република Македонија, - изјави Весна Бабиќ, директорка на Агенција за остварување на права на заедниците во Владата на Република Македонија.
Проектот траеше една година, а негова реализација се вклучени луѓе од повеќе возрасти: деца, родители, коореограф, креатор и жени кои ги изработуваа носиите. Прокетот е реализиран во партнерство на општината Старо Нагоричене и КУД „Српски вез„.
По едногодишна напорна работа заклучок е дека го подобривме културниот живот на луѓето во општината и околните села. Оформивме огранок на културно уметничкото друштво „Српски вез„ во Старо Нагоричане, кои брои околу 70 деца и имаше неколку настапи. Најзначајно е тоа што се отвори работилница за шиење на народни носии, која работи повеќе од 10 месеци. Денеска ги гледаме резултатите од нивниот труд. Овој поект е еден од најдобрите бидејќи има одржливост и ќе продолжи и во наредниот период - изјави Далибор Китановиќ, претседател на културно уметничкото друштво „Српски вез“.
И Градоначалникот Милован Стојковски е задоволен од реализацијата на проектот.
Во името на советот на општината јас се заблагодарувам на сите што учествуваа во релизација на проектот. Српското малцинство во Старо Нагоричане полека но сигурно го добива своето место. Ние и во иднина ќе ги подржуваме проктите за унапредување на правата на Србите и сите малцинства во општината„, - изјави градоначалникот Стојковски.
Во рачната изработка на 60-те носии учествувале 4 жени од Старо Нагоричане кои работеле по инструкции на магистерот по модерно ткаење, Миодраг Анѓелковиќ од Врање.
Исклучително задоволство ми беше што соработував со овие добри луѓе. Направивме многу сувенири и што е најважно ги облековме децата за настапи што беше и цел на овој проект. Направивме три типа на народни носии. На почетокот беше план да направиме 30 различни носии, но успејавме во текот на проектот да направиме 60 народни носии. Драго ми е што децата ќе имаат во што да настапуваат, бидејќи тоа е проблем на сите културно-уметнички друштва. Задоволен сум од умешноста и знаењето на жените кои со рачна изработка и природни материјали создадоа уникатни народни носии и бројни сувенири, - изјави Анѓелковиќ.
Беше напорно но успејавме да се справиме со предизвиците. Се работеше главно рачно над 80 проценти од изработката. Ја сакам работата и задоволство ми беше да бидам дел од проектот. Најтешко беше ткаењето на разбој, бидејќи до сега не сум имала такво искуство, но се снајдов. Би сакала и понатаму да се занимавам со оваа работа„ - изјави Бетка Пешевска, една од четирите жени кои беа вклучени во проектот.
Рачните изработки кои беа изложени во Центарот за млади наскоро ќе бидат презентирани и во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk