Изложено оружје од османлискиот период до Втората светска војна

22.10.2015 09:42 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата со оружје од османлискиот период до Втората светска војна.

Изложено оружје од османлискиот период до Втората светска војна

Поставени се педесетина парчиња оружје, а автор на изложбата е Марија Живачки, кустос историчар  во Музеј Куманово. Оваа изложба се реализира во соработка со Музеј на Македонија и Воениот музеј на Македонија. На самата изложба презентирани беа и карти кои ги прикажуваат востанијата во Македонија.

Посетителите имаат можност да видат оружје од 17 век, јатагани, сабја од 19 век, пушки на кремен,„каранфилка„,„шишана„ од 17 век, кобурите од 18 и 19 век, оружје користено во Илинденскиот период, револвери, пушки и пиштоли користени во текот на Балканските војни, Првата, Втората светска војна - рече Живачки.

Изложеното оружје и други експонати сведочат за историјата на македонскиот народ.

Оружјето не треба да се разбере дека служи само за воени цели, туку има статусен симбол и од особено значење е за идентитетот на секој народ, така и на македонскиот народ - изјави Даниела Николова,  промотор на изложбата.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk