Измамен пензионер - останал без пари и без огревно дрво

25.07.2020 13:12 | KumanovoNews

Измамник прелажал повозрасен жител на Куманово дека ќе му обезбеди огревно дрво по пониска цена, па откако му ги земал парите избегал.

Измамен пензионер - останал без пари и без огревно дрво

Шеесет и шест годишен кумановец, вчера во 11.50 часот во Полициската станица Куманово, пријавил дека на 22.07.2020 бил измамен од едно лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот дом и го прашало дали има потреба од огревно дрво, на што тој му одговорил дека му требаат дрва и се договориле да купи шест метри кубни за цена од 2900 денари за метар кубен.

Според пријавителот, после тоа тргнале да ги видат дрвата, а додека оделе оштетниот му дал на лицето 10.000 денари, по што лицето заминало на друга улица и му кажало да дојде по главниот пат. Откако не го нашол камионот и откако никој не донел дрва кај него, сватил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk