Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка останала без 5.500 евра, откако поверувала во лажни ветувања на братучедот дека ќе ја вработи во државна институција.
У.С.(43) од Куманово, вчера пријавила во полицијата дека била измамена од нејзин братучед М.Г.. Според нејзиното кажување, во мај – јуни минатата година кај неа дошол М.Г. и и понудил да ја вработи во државна институција. Притоа побарал да му даде 5.500 евра. Таа се согласила, зела пари на заем и му ги дала, но потоа пријавениот почнал да одбегнува контакт со неа. Пред две недели таа отишла во институцијата каде нејзинот братучед и ветувал дека наводно ќе ја вработи и сфатила дека е измамена и оштетена за сума од 338.800 денари.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk