Изманиците со огревно дрво не запираат, семејство остана без 6.000 денари

12.01.2024 15:21 | KumanovoNews

Во Кумановската полиција 58- годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за 6.000 денари. 

Изманиците со огревно дрво не запираат, семејство остана без 6.000 денари

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде
наводно биле складирани. 

„Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе дрвата но дошло кај неговата сопруга и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите. Подоцна нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Полицијата никако да им влезе во траг на измниците, иако нема недела да нема нови измами со огревно дрво.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk