Дополнување на буџетот и еднократна помош за првачињата, на дневен ред на утрешната седница на Советот

04.04.2023 08:48 | Сузана Николиќ

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на Општина Куманово.  

Дополнување на буџетот и еднократна помош за првачињата, на дневен ред на утрешната седница на Советот

На дневен ред се 16 точки, меѓу кои одлука за субвенционирање на семејства кои имаат првачиња,  измена и ребаланс на буџетот, програми и извештаи за работа на јавни претпријатија и институции. 


Дневен ред

1.    Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година - зимско одржување;
2.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
3.    Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
4.    Предлог – Одлука за давање согласност на Измени и дополнувања на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
5.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
6.    Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
7.    Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
8.    Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
9.    Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
10.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
11.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
12.    Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
13.    Предлог – Одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта;
14.    Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
15.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;
16.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година.
            

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk