Измерени -12 степени, хронично болните да не излегуваат на студено

20.01.2016 10:28 | KumanovoNews

Студено утро во Куманово, измерени се -12 Целзиусови степени.

Измерени -12 степени, хронично болните да не излегуваат на студено

Лекарите советуваат постарите и хронично болните да не излегуваат од дома на студеното време доколку немаат потреба.

Треба да внимаваат луѓето со нарушен кардиоваскуларен систем. Луѓето во поодминати години, со хронични болести да не се изложуваат на ладно и на загаденост, бидејќи во овој период и загаденоста е поголема. Да не излегуваат ако немаат потреба, за да не дојде до лизгање и повреда. Препорачливо е да се пијат топли напитоци, да се  внесуваат повеќе течности, но да не се конзумира алкохол и редовно да се зема терапија, да се носи топла облека, шал, капа - изјави Дарко Додевски, општ лекар.

Најстудено утрово е во Берово каде минималната температура е -18 степени, по што следуваат Маврово со -16, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Битола и Дебар со -14, Пожаране и Крушево со -12, Штип и Скопје со -11, а Демир Капија, Струмица, Пожар, Прилеп и Ѓуриште -10 степени.

Температурата во Тополчани, Кавадарци и Виница изнесува – 9 степени, во Гевгелија и Претор -7, во Охрид -6 и во Дојран -5 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk