Изнудиле 6000 евра за да не објават фотографии на Фејсбук

08.12.2018 19:35 | KumanovoNews

Тројца малолетници  со уцена добиле 6000 евра за да не објават објават фотографии со невистинита содржина на социјалните мрежи.

Изнудиле 6000 евра за да не објават фотографии на Фејсбук

Секторот за внатрешни рабооти Куманово, поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена во врска со кривично дело соучесништво.

Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk