Изречени 144 казни за брзо возење на автопат Скопје-Куманово и магистрален пат Арачиново-Куманово

30.04.2021 10:00 | KumanovoNews

144 возачи се казнети затоа што ја прекорачиле дозволената брзина за движење на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово.

Изречени 144 казни за брзо возење на автопат Скопје-Куманово и магистрален пат Арачиново-Куманово

  Конролата е спроведена во текот на вчерашниот ден, заради откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk