Изрешетан маж пред Брза помош

18.10.2012 14:58 | KumanovoNews

 Маж на возраст од околу 30 години во 17 часот е убиен на улицата „11 Ноември„, пред зградата на Брза помош во Куманово.

Изрешетан маж пред Брза помош

Во него било пукано со пиштол, од возило во движење, кое побегнало од местото на настанот.  Повредениот бил пренесен во кумановската болница каде лекарите констатирале смрт. Од извори од болницата  дознаваме дека човекот бил изрешетан со куршуми во пределот на  вратот, градите и стомакот.

Полицијата го обезбедува местото на убиството и врши увид. Повеќе информации најавија во текот на вечерта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk