Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За да се поедностави исполнувањето на законската обврска на нотарите, извршителите и судовите, кои се должни да достават писмено известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски, Управата за јавни приходи изготви посебен образец.
Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските е образец кој може да се преземе од веб страницата на УЈП. Доколку должникот нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5 и 7 од Законот за финансиска дисциплина, а доверителот поднесе тужба до надлежен суд / предлог за извршување до извршител / предлог за платен налог до нотар, во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават писмено Известување (образец УЈП-ДИ-З.2-03) до Управата за јавни приходи.
Известувањето УЈП-ДИ-З.2-03, овластените подносители (нотарите, извршителите и судовите) можат да го поднесат почнувајќи од 1 јануари 2015 година до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk