Извидниците на натпревар во велешко

04.10.2012 06:45 | KumanovoNews

Во велешкото село Голозинци, кумановските извидници од одредот “Скаут“ во петок, сабота и недела ќе се натпреваруваат во топографија и ориентација.

Извидниците на натпревар во велешко

На натпреварот одиме со една до две екипи. Сега извидништвото стана популарно и за женските. Во “Скаут“ се зачленија и девојчиња. Ќе се натпреваруваме во 13 дисциплини: пронаоѓање на карта, тест од општа култура, решавање на задачи, сигнализација ноќе, врзување јазли,цртање профил на терен, скица на поминат дел од патот и друго. Во Македонија има регистрирани девет одреди, но ако дојдат пет од нив со по две екипи, сигурно ќе има десетина екипи кои ќе се натпреваруваат меѓусебно - вели Слаѓан Станкович, претседател на извиднички одред “Скаут“.

Домаќин на натпреварот е извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk