Извлечените на лото ќе работат во јавните претпријатија

03.12.2013 16:08 | KumanovoNews

Над 150 вработени во “Македонски шуми“, од вкупно 1600,  кои беа избрани преку лотарија од Владата, ќе бидат работно распоредени во јавните претпријатија, установи и училишта во Куманово.

Извлечените на лото ќе работат во јавните претпријатија

Ова денеска го соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ја обвини централната власт дека на сила вработува партиски луѓе во општините каде не е на власт.

Дури десет одсто од тие среќници што беа извлечени на лото треба да ги вработи локалната самоуправа Куманово. Со сила и со наредба сега јавните претријатија и јавните установи во Куманово треба да ги преземат, при тоа не водејќи сметка во каква финасиска состојба се наоѓаат претпријатијата. Владата вработува свои членови на лото, а треба да ги плаќаат граѓаните на Куманово. - изјави Дамјановски.

По десетина од нововработените биле распоредени во Домот за стари лица, градинките, училиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk