Извршена дератизација во домот на заболената од туларемија

20.03.2015 12:51 | KumanovoNews

Хигиено-епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска изврши дератизација во училиштето и во домот на жената од Опае,  заболена од туларемија.

Извршена дератизација во домот на заболената од туларемија

“Преземени се соодветни мерки од страна на нашите служби, направена е анкета и едукација. На семејството му е укажано дека треба да внимава на личната хигиена, а водата за пиење да се преврива“ - велат од Центарот за јавно здравје.

Земени се примероци за анализа, од водата за пиење која семејството ја користи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk