Извршил упад во компјутерски систем и присвоил 11.000 долари

18.07.2017 13:39 | KumanovoNews

А.Д.(22) од Куманово заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Извршил упад во компјутерски систем и присвоил 11.000 долари

Момчето извршило упад во „account“ на „Content.ad“ која што претставува маркетинг стратегија за рекламирање на содржини и дистибуција на истите преку платен канал и направил промена на информациите за начинот на исплата на паричните средства. Ја заменил постоечката девизна сметка сопственост на В.И. со својата девизна сметка, а воедно извршил и промена на е-mail адресата и промена на лозинката, со што се стекнал со имотна корист од 11.254 долари на штета на В.И.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk