Ја грабнал на сила, па и пукал во нозе

04.04.2013 08:42 | KumanovoNews

 А.А.(37) од населбата Тоде Мендол, кој завчера со пиштол пукаше во М.З.(27) на периферијата на Куманово, сеуште не е достапен за полицијата.

Ја грабнал на сила, па и пукал во нозе

Неговиот автомобил ауду е пронајден во близина на спортската сала Соколана во Куманово, кој го оставил откако пукал во девојката.

Љубовната драма помеѓу младата кумановка и нејзиниот партнер, започнала завчера околу 14 часот, кога тој ја пресретнал во центарот на градот и насилно ја внел во неговото возило ауди. Потоа се упатил на периферијата на градот, и заминале на м.в. „Менкова колиба„. Таму започнале расправија, по што љубовникот извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон девојката. Откако ја погодил со три куршуми во двете натколеници, ја оставил и заминал со колата. М.З. ја пронашол случаен минувач на патот Куманово-Пчиња, кој го пријавил случајот во полиција.  Девојката е пренесена во кумановската болница, но поради сериознаоста на повредите е пренесена на Клиниката за таруматолгија во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот, подигнати се три проектили за вештачење, а се преземаат мерки за пронаоѓање на А.А..

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk