Jа истепал бившата девојка, па ја киднапирал да не пријави

14.06.2011 13:22 | KumanovoNews

 Д.А. (33) од селото Романовце ја грабнал и истепал поранешната девојка З.Н.(35), по што неколку часа ја држeл затворена за да ја убеди да не го пријави во полиција.

Jа истепал бившата девојка, па ја киднапирал да не пријави

Грабнувањето се случило на 7 минатиот месец во 3 часот наутро,  кога Д.А. на ул.„Тоде Тумба“  ја сретнал бившата, и насилa ја внел во неговиот автомобил. Отука ја однел на на м.в.„Студена Вода“ во село Доброшане каде што физички се пресметал со неа, нанесувајќи и видливи повреди по лицето.  Со цел да го прикрие насилството  до  17,00 часот ја држел во хотел во Штип и ја убедувал да не го пријави во полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А. за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk