Ја истепал сопругата, па ја провозил во багажник

07.11.2012 13:56 | KumanovoNews

  Кумановец ја истепал сопругата, а потоа ја ставил во багажниот простор на колата и ја возел низ градот.

Ја истепал сопругата, па ја провозил во багажник

 С.Б.(32) го пријавила случајот во полиција, по што Т.Б.(36) бил приведен.

Нападот се случил вчера околу 15 часот, откако двајцата сопружници, се договориле да се најдат на улицата „11 Октомври„, кај Општата болница. Т.Б. пристигнал со неговото ауди и кога жената влегла во колата, па почнале да се расправаат. Тогаш сопругот почнал да ја удира по главата. Потоа ја однел на “Бедињски мост“ каде ја извлекол од возилото, па продолжил да ја тепа. Ја фатил за коста и на сила ја затворил во багажникот од колата, и ја вратил на улицата “11 Октомври“, каде ја ослободил. С.Б. заминала во Ургентниот центар Куманово каде и е укажана лекарска помош. Сопружниците не живееле заедно.

Полицијата работи на расчистување на случајот и против Т.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за семејно насилство и противправно лишување од слобода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk