Ја истепал сопругата затоа што се разведува од него

12.07.2013 12:44 | KumanovoNews

  Кумановец ја истепал сопругата  на улицата затоа што се разведува од него.

Ја истепал сопругата затоа што се разведува од него

Инцидентот се случил пред три дена на булеварот „Октомвриска револуција„, кога И.Д.(34) случајно ја сретнал Б.Д.(30) со која водат бракоразводна постапка.

Пред очите на голем број на граѓани тој се нафрлил врз неа и почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Жената успејала да се отргне од насилникот иако никој од присутните не и помогнал, и случајот го пријавила во полиција,.

 И.Д. е приведен и против него е поднесена кривична пријава за насилство, а истражен судија му одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Ова не било првпат И.Д. да ја малтретира и тепа неговата сопруга. Во април полицијата му поднела пријава за семејно насилство откако физички се пресметал со неа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk