Ја повредиле затоа што ги спречувала да се тепаат

24.04.2014 13:12 | KumanovoNews

Жена се здобила со сериозна повреда на колкот, откако се обидела да раздели тројца мажи што сакале физички да се пресметаат.

Ја повредиле затоа што ги спречувала да се тепаат

Инцидентот се случил во селото Пчиња, откако М.Ц.(22) од Куманово се скарал со двајца жители на селото поради нерасчистени имотно - правни односи.

Откако расправијата излегла од контрола и се заканила да прерасне во тепачка, Д.М. која била сведок на целата мешаница притрчала да помогне.  Таа застанала меѓу мажите да ја спречи тепачката при што М.Ц. ја турнал на земја. Од падот таа се здобила со тешка повреда на колкот.

Против М.Ц. е поднесена кривична пријава за сторено дело тешка телесна повреда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk