Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот од НСДП, Благојче Јакимовиќ, смета дека е со подршка на референдумот ќе се создат услови за отворање на преговорите со ЕУ, а со исполнување на домашните обврски и реформи се создава функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите ќе бидат сервис на граѓаните.
- Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество. Низ оваа трансформација, со поддршка од ЕУ ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата. Сите ние знаеме дека договорот го постигнавме преку тешки преговори во кои дојдовме до прифатливо решение за двете страни. Свесни сме за влогот и знаеме дека ова е најдоброто можно и фер решение за граѓаните на Македонија. Ова е реален влог во нашата и во иднината на нашите деца, - изјави советникот Јакимовиќ.
Тој потсети дека успешен консултативен референдум значи мнозинството на граѓаните да излезат на гласачките места и да гласаат за, со што ќе одлучат за иднината на Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk