Јакимовски: Полицијата сервис на граѓаните

22.02.2012 15:36 | KumanovoNews

 Началникот на кумановската полициjа Моме Јакимовски, двa месеци откако стапи на функцијата, денеска се сретна со новинарите и се претстави на кумановската јавност.

Јакимовски: Полицијата сервис на граѓаните

За само два месеци реално и не можев да се запознаам со целокупната проблематика на СВР Куманово. Се работи за сектор со многу приблеми бидејќи опстојува на две граници, главниот автопат, магистралниот пат, етничката припадност и проблемите наталожени во изминматиот период. Веќе почнавме и ќе решаваме дел од проблемите. Со расформирањето на Алфите и моторизација на полицијата ќе се залагаме полицијата да биде сервис на граѓаните, тоа ќе биде мојата стратешка определба. За тоа ги вративме полицајците на улица, ја воспоставивме позорната служба и за кратко време ќе се видат резултатите -изјави Јакимовски.

 Началникот објави дека полицијата работи на пријавата од јавните претпријатија за затворање на вентилите на цевководот од Липковската акумулација, но неможеше да каже дали вентилите се затворени без знаење на надлежните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk