Јаќимовиќ најави реконструкција на „Вруќа вода“ и нов семеен парк во Проевце

01.10.2025 14:17 | KumanovoNews

Кандидатот за советник од НДСП на коалицијата на СДСМ, Благојче Јаќимовиќ, најави реконструкција и целосно уредување на комплексот „Вруќа вода“ во Куманово.

Јаќимовиќ најави реконструкција на „Вруќа вода“ и нов семеен парк во Проевце

„Она што некогаш беше атракција за кумановци и туристите, денес е симбол на запуштеност и пропуштени можности. Ние имаме план за негово обновување“, кажа Јаќимовиќ, на денешната прес конференција.

Со проектот е предвидена санација на чешмите, клупите и партерните површини, реконструкција на металните елементи и огради, поставување рампа за лица со инвалидитет, ново осветлување, корпи за отпадоци, паркинг-места и зеленило, како и нов дрворед и чистење на речното корито.

Покрај реконструкцијата, во овој дел од градот е предвидена изградба на модерен семеен парк со пешачки патеки, детски игралишта, зелени површини и урбана опрема, кои ќе обезбедат простор за рекреација, дружење и одмор на граѓаните, кои сега недостасуваат во градот.

Рокот за реализација е од 8 до 12 месеци, а предвидениот буџет изнесува 120.000 до 180.000 евра.

„Со овие проекти го подобруваме квалитетот на животот и создаваме здрави животни навики. Комплексот „Вруќа вода“ ќе биде наша заедничка успешна приказна. СДСМ и коалицијата заедно со вас создава простор за идните генерации“, рече Јаќимовиќ.

(Фото: ТВ Плус)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk