Јаневиќ: ЛДП ќе биде дел од идната влада

14.03.2011 15:46 | KumanovoNews

 Шест кумановци влегоа во највисоките партиски тела на ЛДП на вчерашното Собрание што се одржа во Скопје.

Јаневиќ: ЛДП ќе биде дел од идната влада

Во новиот состав на Централниот одбор се избрани: Бобан Бојковски, Драги Митевски, Лена Филиповиќ и Столе Алексовски, по функција ќе членува и Драган Јаневиќ, а Вилијам Бојковски стана член на надзорниот одбор на ЛДП. На Собранието беше потврден изборот на лидерот Јован Манасиевски и генерален секретар Дуфе Кукоски.

Ова Собрание се одржа под мотото „Има излез„, на кое претседателот Манасиевски им порача на своите членови, и граѓаните дека им е доста од владеењето на Груевски и Црвенковски, кои во изминатите 20 години наместо развој на демократија и економски  препород, донесоа беда и сиромаштија. Излезот од вакавата состојба е во конкретните проекти и мерки зацртани во изборната платформа на ЛДП која ја нудиме на граѓаните. Со овие мерки Македонија ќе стане демократска, економски зајакната и просперитетна држава со модерни идеи и толерирање на различностите. Очекуваме на следните предвремени парламентарни избори ЛДП да биде најпријатното изненадување и дека идната влада не може да се замисли без ЛДП - рече Драган Јаневиќ претседателот на општинската ЛДП.        

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk