Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот фотограф Марјан Јаневски Шалајко, член на фото кино клуб Козјак, добитник е на две награди на ФИАР, Интернационална федерација на уметничка фотографија, во Бјељина, Босна и Херцеговина.
Јаневски конкурирал на Меѓународната изложба на фотографија „Арт-фото галери 2014„, на која ќе учествува со 10 фотографии.
Две од фотографиите се наградени и тоа за мене претставува голема чест и признание. На изложбата пристигнале 7169 фотографии од 364 автори од 63 држави. Освојување на две награди во толку јака конкуренција претставува голем предизвик и за понатаму-изјави Јаневски.
Првата меѓународна изложба во Бјељина ќе биде отворена на 30 јули, а ќе трае до 14 август.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk