Јаневски: Инклузивното образование e наш врвен приоритет

20.11.2020 12:55 | KumanovoNews

Инклузивното образование треба да биде наш врвен приоритет, бидејќи само така ќе покажеме вистинска грижа за различните потреби на учениците при што ќе им обезбедиме пристапност, соодветна поддршка, и со самото тоа ќе се зголеми нивното учество во училиштето и заедницата, рече Драган Јаневски, директор на Техничкото училиште „Наце Буѓони“ на денешната прес конференција на СДСМ. 

Јаневски: Инклузивното образование e наш врвен приоритет

- Тука се вклучува и постепено прилагодување на образовните содржини, изнаоѓање на соодветни наставни приоди и инклузивна организација на воспитно образовниот процес за да се овозможи достапно и квалитетно образование за секое дете поединечно. Преку образованието полесно ќе допреме до сите, до менување на ставовите во нашата заедница, согледување на различностите, прифаќање на другиот до нас, при што преку инклузијата сите ќе бидеме еднакви, иако имаме различни потреби, - вели Јаневски.

Владата и Фондацијата за образовние и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ обезбеди 287 стипендии за деца со попреченост кои се запишани оваа учебна година во прво и второ одделение.

- Со тоа се поттикнува запишувањето на учениците со попреченост во редовното образование и се поддржува инклузивното образование за секое дете. Проектот овозможува и туторска поддршка на овие деца, со што 30 тутори кои помина низ процес на обука ќе им даваат дополнителна поддршка на децата во совладување на наставната содржина,- кажа Јаневски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk