Јанкулоска и Шилегов ќе ги одмерат силите во двојка

31.03.2014 14:12 | KumanovoNews

Четиринаесет политички партии и коалиции ќе учествуваат на парламентарните избори закажани за 27 април, а ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се единствени партии кои ќе се борат за освојување на пратенички места од дијаспората.

Јанкулоска и Шилегов ќе ги одмерат силите во двојка

 Во нашата изборна единица носител на листа на ВМРО - ДПМНЕ со коалицијата е Гордана Јанкулоска додека СДСМ со коалицијата на овие избори настапува во изборна единица 2 со Петре Шилегов.

Носител на листа на ВМРО - НП е Љупчо Балкоски, на Алијанса за позитивна Македонија со коалицијата е Владо Бучковски, на ГРОМ Виктор Цветковски, на Достоинство е Горан Зафировски.

Носител на листа на ДУИ е Реџаил Исмаили, на ДПА Орхан Ибраими и на НДП Џезаир Шаќири.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk