Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Носителката на листа во изборна единица 2, Гордана Јанкулоска денеска ја посети компанија за производство на чевли “Тушевски“ и најави воведување на електронски фактури.
Во наредниот четиригодишен период предвидуваме воведување на електронски фактури што ќе значи дека ќе се поедностави фактурирањето помеѓу правните субјекти, ќе се избегнат грешките кои вообичаено се јавуваа заради двојно или неточно внесување на податоци. Ќе се заштедат трошоците и ќе се елиминираат можностите за злоупотреба. Исто така во нашата четиригодишна програма предвидуваме олеснување на други процедури како што се процедурите за вадење на одобрение за градба, за наплаќање на давачките кон државата, електронски даноци и ред други поволности - изјави Јанкулоска.
Таа додека дека за фирмите кои извезуваат производи надвор ќе им се помогне со ангажирање на менаџери, а ќе им понудат и поволни кредити со камата од 5,5 отсто.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk