Јанкулоска: Во липковско е безбедно

02.10.2014 13:19 | KumanovoNews

СВР Куманово во последно време бележи намален број на кривични дела а безбедносната состојба во регионот е стабилна, констатираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при денешната работна посета на Полициска станица Матејче.

Јанкулоска: Во липковско е безбедно

Бројот на регистрирани кривични дела на територија на Полициска станица Матејче е намален за 3,1 отсто, а прекршоците од областа на јавниот ред и мир се 40 отсто помалку во однос на лани.  На ниво на СВР Куманово кај кривичните дела има намалување за 17,3 отсто,  а расветлени се над 50 отсто.

“Изразени низ перспективата на жителите кои живеат овде, но и низ статистичките податоци во текот на неколку последователни години, бројките кои ги цитирав евидентно е дека безбедносната состојба на територијата на полициско одделение Матејче, сите 21 населено место е не само безбедно, туку и влева доверба кај месното население. Значајно е тоа што нашите полициски патроли практично на дневна основа успеваат да ги посетат сите населени места. Контактот со граѓаните е секојдневен, директен и тие секогаш можат да се обратат за прашања од надлежност на министерството, но и прашања со други теми за кои сметаат дека полицијата може да ги знае “ - изјави Јанкулоска.

Ова полициско одделение покрива 21 населено место со 30.000 жители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk