Јанкуловска: Ќе се намали ДДВ на сточната храна

19.04.2014 11:22 | KumanovoNews

Носителот на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица Гордана Јанкуловска, при денешната посета на  добиточниот пазар во селото Горно Којнаре, најави намалување на ДДВ на сточната храна заради зголемување на сточниот фонд во државата.

Јанкуловска: Ќе се намали ДДВ на сточната храна

 Денес имавме можност да разговараме со луѓето кои се занимаваат со сточарство и при тоа ги информиравме дека во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, планираме и предлагаме намалување на данокот на додадена вредност за сточната и добиточната храна што би требало да влијае на зголемување и подобрување на квалитетот на сточниот фонд во Р.Македонија. Исто така ги презентиравме и другите мерки од областа на земјоделството каде што посебен интерес побуди „Календарот на субвенции„, за сточарите точно да ги знаат ги планираат субвенциите,- рече Јанкуловска.

Јанкуловска се сретна и со ловџиите во ловечкото друштво Сокол, при што истакна дека со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ планирано е да се заврши постапката за концесионирање на уште девет ловишта, а посебен акцент ќе се стави на промоција на ловиштата како туристички потенцијал во државата.

Jанкуловска на сите христијани да им ги честитам празниците и им посака многу радост и среќа во нивните домови и семејства.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk