Јапонска донација за Куманово

04.03.2016 14:48 | KumanovoNews

Јапонија ќе обезбеди специјално возило за собирање на отпад, поради бегалската криза во државата.

Јапонска донација за Куманово

„Владата на Јапонија одлучи директно да ги поддржи локалните власти во Куманово и Гевгелија, поради тековната бегалска/мигрантска криза во Македонија.Преку „Грант програмата за поддршка на мали проекти (GGP) “,  Јапонија ќе помогне во набавка на специјализирано возило за отпад и контејнери за Општина Куманово и рехабилитација и обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија, - се вели во соопштението од Јапонската амбасада.

Одлуката за помош на двете општини е донесена во март годинава, а грантот е во износ од 150.000 американски долари.

Ова е четвра помош од Јапонија за бегалската/мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари или 4,2 милиони евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk