Јапонски студенти повремено го посетуваат школото во Слупчане

02.10.2015 08:22 | KumanovoNews

Основното училиште „Фаик Коница“ од липковското село Слупчане неколку пати годишно го посетуваат студенти од Јапонија и ги подучуваат децата да говорат и пишуваат на јапонски јазик.

Јапонски студенти повремено го посетуваат школото во Слупчане

Од училиштето велат дека имаат соработка извесно време со јапонските студенти и планираат таа да се надградува во иднина доколку има можности.

Пред десет- петнаесет дена имавме студенти од Јапонија. Не посетуваат неколку пати секоја година и ги учат децата јапонски. Децата знаат основни работи на јапонски ,  да поздрават, да напишат нешто. Јапонските студенти работат со сите деца, од нижите и вишите одделенија. Многу е интересно, многу се комуникативни и задоволни сме од нив - рече Нагип Авдија, директор на „Фаик Коница“.

Авдија објаснува дека преку јапонската амбасада доградиле 3 училници во училиштето и се расположени за реализирање на проекти со јапонските студенти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk