„Јас имам талент„ за основците во Куманово

24.05.2010 07:56 | KumanovoNews

 Над 300 ученици од кумановските основни училишта вчера зедоа учество во манифестацијата „Јас имам талент„ што ја организираше ОУ „Крсте Мисирков„ од Куманово. Младите имаа можност да го покажат својот талент во пеење, рецитирање, глума и танцување.

„Јас имам талент„ за основците во Куманово

 Оваа манифестација ја организираме по прв пат ,а целата ни е преку неа учениците да се ослободат од стравот од јавен настап. Сите оние кои се пријавија, имаат можност да се изразат и наше задоволство изненадени сме од одзивот. Седумдесет проценти од денешните натпреварувачи ќе заминат во вториот круг, кој ќе се одржи идната сабота, а најдобрите во третиот финален круг. За победниците се предвидени пригодни награди - изјави Стојанка Дудучки, професорка по македонски јазик во ОУ „Крсте Мисирков„.

   Изведбите на учесниците ги оценува стручно жири составено од професори по музика, уметност и јазик. Во Младинскиот културен центар „Козјак„ манифестацијата привлече голем број посетители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk