Јавен повик за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015

27.11.2015 09:47 | KumanovoNews

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  објави јавен повик за користење на средствата од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Јавен повик за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015

Барањата треба да се достават до 6 декември годинава, а помош се доделува за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски прозводи, подмерка пазарна инфраструктура за постбербени активности. Можат да аплицираат државни субјекти, јавно приватно партнерство и единиците на локалните самоуправи. Се финансираат завршени инвестиции од корисникот во висина од 50 отсто од одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk