Јовановиќ со честитка за Илинден

02.08.2011 06:55 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, на жителите на општината и на сите останати граѓани им го честита големиот празник  Илинден.

Јовановиќ со честитка за Илинден

„Се навршуваат 108 години од Илинденското востание и 67 години од Првото заседание наАСНОМ, датуми кои претставуваат историски темел на македонската самобитност, непокор и слобода. Република Македонија и нејзините граѓани од сите националности, благодарение на херојствата на нејзините предци, денеска чекори слободно и рамноправно со другите народи и држави во светската заедница.Посакувам престојниот празник да го минете во весело расположение, и во име на општината Старо Нагоричане и во мое лично име Ви го честитам националниот празник Илинден“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk